Олимписката 2024-та години, освен натпреварувачки карактер на спортски борилишта, е и изборна, барем што се однесува до нашата земја, Македонија.

Имено за следната седмица, закажани се две Изборни собранија.

Едното на 6 февруари во ЦС „Борис Трајковски“, а другото на 8-ми во СЦ „Јане Сандански“.

Информациите до кои дојде СПОРТ+, велат дека, Даниел Димевски е единствениот кандидат за Претседател на МОК.

Имено, до вчера, до кога беше рокот за поднесување на кандидатура, за прв човек на македонскиот олимпизам, до канцеларијата на МОК, само Димевски ја поднел својата кандидатура.

Од „опозиционерскиот табор“ односно иницијаторите за свикување Вонредно собрание, засега без информација, кој би бил идниот Претседател на МОК.

Тие, неофицијално, остануваат на ставот, дека Вонредно Изборно Собрание ќе се одржи два дена порано.

Единствено, јавно, досега се произнесе поранешниот пливач Александар Маленко, кој најави своја кандидатура за прв човек на МОК.

СПОРТ+, останува на ставот, секому од кандидатите да ми овозможи да ја презентира својата програма, која треба да виде водилка, во кој правец во иднина ќе се движи македонскиот спорт.