Фудбалерите на ДР Конго сe вторите полуфиналисти на Купот на Африканските нации.

„Леопардите“ до место меѓу четирите најдобри стигнаа со победата над Гвинеја со 3-1.

Иако не започна добро за Конго, бидејќи Мохамед Бајо постигна гол од пенал во 20.минута за водство на Гвинеја .

Сепак во продолжението Конго направи комплетен пресврт. Мбемба само седум минути подоцна израмни на 1-1, што беше и резултат по првиот дел. 

Во вториот. Пресвртот го најави Жоан Виза од пенал во 65.минута, а победата ја потврди играчот на Бешикташ, Артур Масуака со фантастичен гол во 82-та минута. 

Конго во полуфиналето го чека победникот од натпреварот меѓу Мали и домаќинот Брегот на Слоновата Коска. 

Претходно пласман во полуфиналето обезбеди Нигерија кој со 1-0 ја победи Ангола. Нигеријците за противник во полуфиналето ќе го имаат подобриот од мечот Јужна Африка – Зеленортска Република