Екипата на МЗТ Скопје победи против словенечкиот Шанчур во натпревар од 8.коло на АБА лигата.

Американецот, Расел со тројка му ја донесе оваа победа на МЗТ погодувајќи на пет секунди пред крајот поставувајќи ги конечните 75-73.

МЗТ во најголемиот дел од натпреварот беше во водство, а имаше и +16. Сепак младиот тим на Шенчур покажа желба и карактер да се врати во игра и успеа во заврпницата. Словенечката екипа имаше и шанса за победа. Искусниот Муриќ 73-72 не реализира две свободни фрлања.

Тоа го казни на спротивната страна Расел со тројка за водство од 75-72. По тајм-аутот, односно Муриќ не ги искористи завршните пет секунди и му дозволи на МЗТ да се радува на победа.

Расел и Танасковиќ со по 17 поени беа најефикасните играчи на МЗТ, а кој ова е петта победа со која е на петтото место на табелата.

Аеродромци следниот натпревар ќе го играат во петок кога за противник че ја имаат последно пласираната Шибенка.