Браќата Нико и Инаки Вилијамс и пресудија на Барселона. Токму тие двајца ги постигнаа клучните голови кои му беа потребни на Атлетик Билбао да ја исфрли Барселона.

Натпреварот беше пеколен уште од самиот старт. Први зададоа удар Билбао во 6.та минута преку Гурузета. Левандовски и Јамал вратија Барса во игра. На полувреме беше 1:2 за гостите.

Вториот дел Барса беше посмирена имаше повеќе посед, но Билбао да не остане покус тргна со сите сили. На крајот Оскар Санчет среќниот стрелец на голот за израмнување.

Јамал можеше да биде јунак но стана трагичар на Барса по двете големи промашувања, по кои резултатот осана не променет а мечот отиде во продолженија.

Тие промашувања беа казнети во продолженијата. Прво во 107.та минута Инаки Вилијамс стрелаше за 3:2. А потоа му асистираше на неговиот брат Нико кој во 121.та минута запечати резултат на 4:2.

Барселона втора сезона по ред испушти шанса да го нападне тронот на Копа дел Реј. Билбао пак во полуфиналето ќе го чека последниот патник заедно со другата екипа од Баскија односно Реал Сосиедад и Мајорка.

ШПАНИЈА КОПА ДЕЛ РЕЈ – 1/4 ФИНАЛЕ
вчера
СЕЛТА – РЕАЛ СОСИЕДАД 1-2
Денеска
МАЈОРКА – ЏИРОНА 3-2
АТЛЕТИК БИЛБАО – БАРСЕЛОНА 4-2 продолжение (2-2)
Утре (четврток – 25 јануари)
21.00 АТЛЕТИКО МАДРИД – СЕВИЉА

Андреј Велјаноски