Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски постигна нов гол за својот тим Абердин во шкотската Премиер лига.

Во натпревар од 18.-тото коло,  а на гостувањето кај Сен Џонстон, Абердин одигра без победник 1-1.

Токму Миовски од пенал во 62-та минута му донесе водство на гостинскиот тим, кој не успеа да ги освои трите бода.

Израелецот, Дејвид Келтјенс беше стрелец на израмнувачкиот погодок на натпреварот за 1-1.

За Миовски тоа беше 10-тиот првенствен гол во шкотската Премиер лига, а вкупно 14-ти сезонава за Абердин.