На Европското првенство за ракометари во Германија денеска на програмата се дуелите од 3.коло во четвртфиналната група 1 во Келн.
Олимпискиот шампион Франција е во „пол позиција“ и уште попладнево може да го осигура учеството во полуфиналето. Триколорите за противник ја второ пласираната Австрија, која пак ќе се обиде да ги продолжи изненадувањата. По овој натпревар многу работи ќе бидат појасни околу двете места што водат во полуфиналето.
Но, и по првата средба во која Хрватска ќе игра против Унгарија, ќе биде јасно кои селекции ќе останат со шанси за влез во ТОП-4. За Хрватите друга опција нема освен победа, но и тогаш ќе мора да ги чекаат исходите од останатите средби.
И домаќинот Германија е во ситуација „да се биде или не“. Германците кои одигра нерешено со Австријците, вечерва против Исланд мора да слават и да го одржат чекорот со водечките на табелата.
Потсетување дека од групата 2, веќе се познати полуфиналистите. Тоа се актуелниот светски првак Данска и бранителот на европскиот трон Шведска.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (мажи) Група 1 – 3.коло
15.30 ХРВАТСКА – ИСЛАНД
18.00 ФРАНЦИЈА – АВСТРИЈА
20.30 ГЕРМАНИЈА – УНГАРИЈА
ТАБЕЛА
1 ФРАНЦИЈА 4 бодови
2 АВСТРИЈА 3
3 УНГАРИЈА 2
4 ГЕРМАНИЈА 2
5 ХРВАТСКА 1
6 ИСЛАНД 0