Со поразот од врсниците од Турција македонските одбојкарски надежи како четврто пласирани го завршија настапот во квалификациите за Европскиот шампионат.

На турнирот одржан во Струмица, репрезентацијата на Македонија за одбојкари до 18 години загуби од Турција со 0:3.

Во првиот сет се водеше голема борба. Репрезентациите беа израмнети до средината на сетот, а во самата завршница гостите беа подобри и го добија сетот со 20-25.

Тоа како да ги разниша нашите редови, па многу последно противникот го доби следните два сета и тоа со 15-25 и  16-25. 

Така Македонија заврши како четврто пласирана, а Турција на третото место. 

За првото играат одбојкарите на Романија и Грција.

Сите четири селекции ќе играат во втората фаза од квалификациите закажaни во периодот од 4 до 7 април.