Олимпискиот шампион Франција е чекор поблиску до пласман во полуфиналето на Европскиот шампионат.
Французите славеа победа над Исланд со 39-32 во натпревар од 2.коло на групата 1. Со неа „Триколорите“ се зацврстија на врвот на табелата.
Најефикасни во победничкиот тим беа Ричардсон и Фабрегас со по 6 гола, Мем и Ремили ги следеа со по 5 гола.
Со оваа победа и вкупно 6 бодови Франција ќе остане на 1.место на табелата и по одигрувањето на другите два натпревари.
Во нив попладнево играат Хрватска и Унгарија, а во вечерниот термин Германија се среќава со Австрија.
Исланѓаните се последни на табелата во оваа група без освоен бод и без шанси за полуфинале.