Македонската јуниорска репрезентација за одбојкарки до 18 години, попладнево ќе го одигра вториот натпревар во квалификациите за Европското првенство.

Во Софија, се игра еден од петте турнири, на кој македонските јуниорки вчера беа поразени од врсничките од Турција.

Денеска, нашите јуниорки ќе играат против Србија. Ова е меч од групата Б, додека во групата А се само две селекции Бугарија и Косово.

Имајќи го во предвид системот на натпревари, четирите селекции кои ќе се пласираат во полуфиналето, ќе играат и во вториот круг квалификации.

Оттаму денешниот натпревар со Србинките е исклучително важен за младите македонски одбојкарки.

Дуелот меѓу Македонија и Србија ќе се игра во терминот од 15 часот, а ќе може ВО ЖИВО да го гледате овде.