Екипата на Пелистер и Битола ќе бидат домаќини на кошаркарскиот Купот на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“ 2024 во машка конкуренција,

Македонската кошаркарска федерација распиша конкурс за техничка организација на завршниот турнир од ова натпреварување. По предвидениот рок за испраќање на пријави за добивање на организацијата, донесена е одлука организацијата да му се додели на КК „Пелистер“ од Битола.

Завршниот турнир во „Фајнал-ејт“ формат, ќе се одигра во периодот од 15 до 17 февруари, 2024 година, во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Место во завршницата на ова натпреварување, обезбедија екипите на: МЗТ Скопје Аеродром, Еуро Никел, Пелистер, Чаир , Работнички, ТФТ , Феникс и Гостивар.

КУП НА МАКЕДОНИЈА (мажи) 
1/4 ФИНАЛНИ ДВОЈКИ
(1) МЗТ Скопје Аеродром – (8) Гостивар
(2) Пелистер – (7) Феникс
(3) Еуро Никел  – (6) Чаир
(4) Работнички – (5) ТФТ

Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на финалниот турнир во женска конкуренција.

Терминот и местото на одигрување на завршницата, ќе бидат дополнително објавени.