Во НБА лигата ноќеска на програмата беа само три натпревари.

Дербито се одигра во Филаделфија каде гостуваше шампионот Денвер, а на победа се радуваа домаќините со 126-121.

Дуелот на двајцата најдобри кошаркари од минатата, па и оваа сезона му припадна на Џоел Ембид. Предводникот на 76-ките оствари даблл-дабл со  41 постигнат поен и 10 асистенции. И неговиот конкурент Србинот, Никола Јокиќ имаше двоен ефект со 25 поени и 19 скока.

Во Лос Анџелес, Клиперси го совладаа составот на Оклахома со 128-117. Пол Џорџ одигра брилијантен натпревар и заврши со 38 поени, 7 скока и 5 асистенции. Главниот играч на Оклахома. Џејмс Харден и Каваи Ленард помогнаа со по 16 поени за 26-тата победа на „Киперси“ кои се четврти на Западот.

Тимот на Феникс ја врза третата победа во низа совладувајќи го Сакраменто со 119-117 за кого ова беше трет последователен пораз.,

Грејсон Ален со 33 поени и Кевин Дурент со 27 беа предводници на „Сонцата“ до оваа победа. Ален постигна 9 тројки, што е најмногу во историјата на еден играч на Феникс на еден натпревар.