Со одигрувањето на вечерашните три натпревари комплетирано е 3.коло во групите Д, Е и Ф на Европското ракометно првенство.
Селекциите на Словенија, Шведска и Данска ги освоија првите места. Во директните дуели со конкурентите овие селекции славеа победи, а со тоа и пренесоа по 2 бода во следната фаза.
Неизвесни натпревари се одиграа во Берлин и Мајнхајм.
Голманите Лесјак и Паличка со одбрани во клучните моменти им донесоа победи на Словенија над Норвешка, односно Шведска над Холандија.
Затоа во Минхен, ракометарите на Данска лесно и убедливо славеа во дуелот против Портигалија со 10 голови разлика.
ЕВРОПСКО ПРВЕСНСТВО – 3.КОЛО
(Берлин) Д група
НОРВЕШКА – СЛОВЕНИЈА 27-28
ПОЛСКА – ФАРСКИ ОСТРОВИ 32-28
Табела: Словенија 6 бодови, Норвешка 3, Полска 2, Фарски Острови 1.
(Мајнхајм) Е група
ШВЕДСКА – ХОЛАНДИЈА 29-28
БиХ- ГРУЗИЈА 19-22
Табела: Шведска 6, Холандија 4, Грузија 2, БиХ 0.
(Минхен) Ф група
ДАНСКА – ПОРТУГАЛИЈА 37-27
ЧЕШКА – ГРЦИЈА 29-20
Табела: Данска 6, Португалија 4, Чешка 2, Грција 0.