Норвешка е шестиот патник во следната рунда, од трите групи во кои денеска се играат натпревари на Европскиот шампионат.
Иако Норвежаните допрва вечерва треба да го одиграат својот натпревар, сепак тие заедно со Словенија ќе продолжат понатаму. Ова благодарение на селекцијата на Полска која во дуелот Фарските Острови славеше победа со 32-28.
Така Полска со 2 и Фарските Острови со 1 бод завршуваат како трето и четврто пласирани во Д групата. Која репрезентација ќе заврши на 1.место и колку бодови ќе пренесат во следната фаза ќе дознаеме по мечот Словенија – Норвешка (20.30 часот).
И останатите два дуели одиграни во попладневниот термин беа последни за селекциите. Оние пак во вечерниот термин (20.30 ч.) ќе решаваат за првото место и бодовите.
ЕВРОПСКО ПРВЕСНСТВО – 3.КОЛО
(Берлин) Д група
ПОЛСКА – ФАРСКИ ОСТРОВИ 32-28
НОРВЕШКА – СЛОВЕНИЈА
Табела: Словенија 4 бодови, Норвешка 3, Полска 2, Фарски Острови 1.
(Мајнхајм) Е група
БиХ- ГРУЗИЈА 19-22
ШВЕДСКА – ХОЛАНДИЈА
Табела: Шведска 4, Холандија 4, Грузија 2, БиХ 0.
(Минхен) Ф група
ЧЕШКА – ГРЦИЈА 29-20
ДАНСКА – ПОРТУГАЛИЈА
Табела: Данска 4, Португалија 4, Чешка 2, Грција 0.