На Европското првенство за ракометари што се одржува во Германија денеска започнува последната трета рунда во првата фаза на шампионатот.
На програмата се шест натпревари во групите Д, Е и Ф. Во нив останува само уште едно празно место за пласман во главната фаза.
Репрезентацијата на Словенија е сигурен патник понатаму од Д конкуренцијата. Конкуренти за второто место се Норвешка и Фарските острови. Ова откако овие две селекции во претходната рунда одиграа нерешено во меѓусебниот дуел.
Најпријатното изненадување на шампионатот Фарски острови попладнево игра против Полска, која е без шанси за прогрес. Норвежаните пак во вечерниот термин се среќаваат со Словенија која ќе брка победа со која ќе пренесе два бода во следната фаза.
По бодови за следната рунда атакуваат уште четири селекции, по две во групите Е и Ф. Токму меѓусебните дуели на Шведска – Холандија односно Данска – Португалија, ќе решат која репрезентација со колку подови ќе ја почне втората фаза.
ЕВРОПСКО ПРВЕСНСТВО – 3.КОЛО – понеделник
(Берлин) Д група
18:00 Полска – Фарски острови
20:30 Норвешка – Словенија
(Мајнхајм) Е група
18:00 Босна и Херцеговина – Грузија
20:30 Шведска – Холандија
(Минхен) Ф група
18:00 Чешка – Грција
20:30 Данска – Португалија