Во првите два денешни натпревари на Европското првенство, Србија и Исланд одиграа без победник, а Австрија ја совлада Романија.
Поинтересен беше дуелот во Минхен каде се играат натпреварите од Ц групата. Селекцијата на Србија ја делеа секунди од победа во дуелот со Исланд. Водеа и со два разлика во завршните шеесетина секунди Србите, но ракометарите на Исланд не се предадоа. Напротив на крајот заслужено стигнаа до бод играјќи нерешено 27-27.
Во вториот натпревар од оваа група вечерва ќе играат Унгарија и Црна Гора.
Во Мајнхајм каде се играат дуелите од Б група, репрезентацијата на Австрија лесно со 31-24 ја победи Романија. Австријците отпорот на противникот го скршија во втората половина на второто полувреме кога ја направија и големата предност.
Вечерва (20.30 часот) се игра дебито на колото меѓу Шпанија и Хрватска