Актуелниот шампион во кошаркарската Евролига се изнамачи да оствари нова победа.

Реал Мадрид го доби шпанското дерби со Валенсија и тоа по продолжение со 96-86.

Беа на чекор до победа во регуларните 40 минути, имаа „Кралевите“ три предност на 3,1 секунди пред крајот. Сепак, за дополнителна драма се погрижи Џаред Харпер кој со звукот на сирената донесе израмнување и дополнителни пет минути.

Сепак во нив гостите немаа сили да направат комплетен пресврт, па Реал ја оствари 19-тата победа во евролигата.

Кампасо со 19 поени и 7 асистенции, односно Таварез со дабл-дабл ефект со 18 поени и 19 скокови, беа најзаслужни за оваа победа на шампионот.