Аталанта е третиот тим што се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија. 

Во четвртфиналето што се одиграа вечерва на „Сан Сиро“, екипата на Аталанта со голем пресврт го победи Милан со 2:1.

Гостите од 38.минута останаа без тренерот Гасперини кој беше исклучен. 

Домаќините својата доминација ја крунисаа преку Рафаел Леао во 45.минута и поведоа со 1-0. 

Сепак, Аталанта не се откажа.

Херојот на Аталанта беше двојниот стрелец Купминерс. Холанѓанецот во судиското дополнение (45+2) го израмни резултатот, а во 59-тата го постигна и вториот гол. 

До крајот на мечот домаќините не успеаја да ја анулираат негативата, па Аталанта се пласира во полуфиналето. 

Таму за противник тимот од Бергамо ќе ја има екипата на Фиорентина која вчера на пенали ја елиминира Болоња

Последниот патник и противник на Лацио во полуфиналето ќе го дознаеме утревечер по натпреварот Јувентус – Фосиноне (21 часот).