Во првиот полуфинален натпревар од Карабао купот, Ливерпул на својот „Енфилд“ го совлада Фулам со 2:1.

Одлична игра во првиот дел покажаа играчите на двете екипи, но среќата беше на страната на Фулам. Имено, во 19-тата минута Вилијан биеше и погоди за водство на гостинот од 1:0.

Ливерпул ја презема иницијативата во второто полувреме и го притисна противникот на својата половина. Кертис Џоунс во 68-та минута изедначи на 1:1 по прекрасната тимска акција на „црвените“.

По само три минута игра (71-тата) Ливерпул дојде и до целосен пресврт на натпреварот од 2:1, а стрелец на погодокот беше Коди Гакпо.

До крајот на натпреварот Дарвин Нунез имаше 3 одлични прилики за гол, но не искористи ниту една и натпреварот заврши 2:1.

Реваншот е закажан за 24.1.2024 (среда) на „Крејвен Котиџ“ со почеток од 21:00 часот.