Во четвртфиналето од Купот на Италија екипата на Лацио извојува победа во градското дерби со Рома од 1:0.

Матијас Закањи беше стрелецот на единствениот погодок на натпреварот, а воедно тој ги има постигнато и сите голови на последните три средби на овие два гиганти.

Во првите 45 минути од натпреварот двете екипи одиграа тактички и без посериозни прилики за погодок заминаа на одмор.

На почетокот на второто полувреме по грешка на Рома во шестнаесетникот, избраниците на Маурицио Сари дојдоа до предност од 1:0 по одлично изведениот пенал на Матија Закањи во 50-тата минута.

Втор жолт картон во 96-тата минута доби Педро по што беше исклучен, а само 4 минути подоцна Сардар Азмун заедно со Манчини поради неспортско однесување двајцата добија директен црвен картон.

„Црвената волчица“ притискаше до крајот на натпреварот, но без ниту една сериозна прилика за погодок беше елиминирана од италијанскиот куп.

Со оваа победа Лацио се пласираше во полуфиналето каде ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Фросиноне и Јувентус, кој ќе се одигра утре со почеток од 21:00 часот.