Македонската ракометна репрезентација утре од 18 часот го игра првиот натпревар на Европското првенство во Германија. Ривал во А групата ни е селекцијата на Франција. Ова за нашиот национален тим е осмо учество на Европските првенства. Во пресрет на стартот на шампионатот селекторот на Македонија зборува за ривалите во групата, каде покрај Франција ги имаме уште домаќинот Германија и селекцијата на Швајцарија.

Ние дефинитивно сме аутсајдери. Франција е најдобрата светска репрезентација на светот заедно со Данска, а Германија е домаќин. Швајцарија има многу играчи кои играат во Бундес лигата и со тоа покажуваат дека имаат квалитет. Ќе ни биде многу тешко, но ќе се обидеме да го победиме секој што нема да смета сериозно на нас,изјави Лазаров.

За играњето на фудбалски стадион (Меркур Шпил Арена со капацитет од 55.000 места), македонскиот селектор истакна:

Се сеќавам кога за првпат играв на финале во Лигата на шампионите во Келн. Ми требаше време да се навикнам, следниот пат беше поудобно. Но, нема да имаме шанса повторно да се вратиме тука. Тоа е голема сцена и ќе се обидеме психолошки да ги подготвиме нашите играчи и да се обидеме да одиграме најдобро што можеме, потенцираше македонскиот селектор.

Македонија утре на првиот ден од првенството од 18 часот во Дизелдорф игра против олимпискиот првак Франција.