Капитенот на македонската ракометна репрезентација голманот Никола Митревски уверува дека сите во репрезентацијата ќе го дадат максимумот. 

Без разлика што олимпискиот шампион Франција важи за апсолутен фаворит, Митревски во изјавата за МРТ, вели дека не постои спортист кој е на ваков собир, а да не сака да е најдобар. 

Утрешниот натпревар со кој ќе биде отворено Европското првенство меѓу Македонија и Франција ќе започне од 18 часот.

Директниот пресот ќе може да го следите на програмите на МРТ1 и МРТ3.