Македонската репрезентација ќе влезе во историјата на ракометот. Имено напите ракометари на 10 јануари во Дизелдорф ќе го почнат својот настап на Европскиот шампионат во Германија.

Македонија против Франција на отворањето ќе играат на стадионот „Меркур Шпил Арена“.

Германците веќе ги прават последните подготовки. Организаторот очекува дека во Дизелдорф ќе биде урнат рекордот на посетеност на еден ракометен натпревар.