Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, ги одработува мини подготовките за двомечот со Фарските Острови. 

Тоа е противникот, до некаде по мерка, за црвено-жолтите повторно да бидат дел од уште едно големо натпреварување. Преку Фарските Острови, Македонија ќе брка настап на Мундијалот закажан за следната година. 

Милан Лазаревски смета дека сега македонската селекција ја има физичката предност, со која бевме инфериорни во однос на противниците на ЕП изминатиот јануари. 

Вардаровиот пивотмен, потенцира дека без разлика кој противник ќе се паднеше на ждрепката,  цел е настап на СП.