Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ попладнево ќе го играат вториот полуфинален натпревар од плејофот.

Аеродроми во него влегуваат со предност од 1:0 во победи во серијата подобар до три. Сепак тимот од скопската населба Тафталиџе ќе сака да го искористи моментот на неуспех на МЗТ во АБА2 лигата.

По елиминацијата во полуфиналето на регионалната лига, МЗТ сега комплетно ќе се посвети на завршницата во домашниот шампионат. Ќе мора да се „вадат“ сино-белите за неуспехот во АБА2, па се освен освојување на шампионскиот трофеј, ќе биде неуспех за клубот.

Актуелното шампион ќе го носи бремето на триумф и само триумф до самиот крај на плејофот. Тој психички товар ќе сакаат да го искористат кошаркарите на ТФТ и тоа уште на денешниот дуел.

Беа блиску до „брејк“ на првата средба избраниците на Боро Смилковски, но искуството на Војдан Стојановски пресуди па МЗТ победи со два разлика (79-77).

Ќе биде ли така неизвесно и на вториот натпревар во „Јане Сандански“ останува да проследиме низ дуелот чиј почеток е од 19 часот.

Натпреварот ќе може да го следите ВО ЖИВО ОВДЕ.