Екипата на предводена од поранешниот македонски селектор Марин Докузовски, МКК Куманово и официјално следната сезона ќе игра во Првата лига.

Кумановци ка продолжија победничката низа, откако попладнево го добија реванш полуфиналниот дуел со Ангели. МКК Куманово славеше со 71-56 и со 2:0 во победи ја затвори серијата. Со тоа обезбеди пласман во финалето, а со тоа и прволигашки статус.

Екипата на Ангели не можеше да се надеваат на изненадување, особено што на претходниот и овој меч настапи без четворица клучни кошаркари. Сепак во првата четвртина со мал број на поени, домашниот состав подобро го отвори натпреварот. Првото водство гостите го имаа во осмата минута 9-11, а периодот го добија со 13-17. До крајот на полувремето Куманово создаде двоцифрена предност (26-39). Знаеше како искусниот тим предводен од Докузовски да го одработи вториот дел и на крај да стигне до посакуваната победа со конечни 71-56.

Кој ќе биде вториот финалист во Втората лига, а со тоа и нов прволигаш ќе дознаеме по дуелот меѓу Маџари и Шкупи. Во реваншот закажан за утревечер (20 часот) екипата од Чаир влегува со предност од 1:0 во победи. Нов триумф ќе го промовира Шкупи во нов член на Првата лига, следната сезона.