Четирите најдобри екипи од регуларниот дел на сезоната во Првата женската кошаркарска лига, останаа до самата заврница. Токму тие ќе се борат за влез во големото финале во разигрувањето за шампионскиот трофеј.

А, бранителот Баскет Кам важи за фаворит за пехарот со кој би ја заокружиле сезоната со двојна „круна“, по успехот во Купот. Екипата од Македонска Каменица тоа треба прво да го потврди во полуфиналните дуели со Крива Паланка.

Тоа е и првиот пар за полуфиналната серија што се игра во два добиени натпревари. Вториот го сочинуваат Вардар и Куманово Гризли.

Полуфиналните серии почнуваат денеска, а натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

ПЛЕЈОФ ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – ПОЛУФИНАЛЕ (прв натпревар)
17.00  БАСКЕТ КАМ – КРИВА ПАЛАНКА
18.30  ВАРДАР – КУМАНОВО ГРИЗЛИ