Во женската кошаркарска Прва лига, нејзината плејоф конкуренција, денеска на програмата се реванш полуфиналните натпревари. Екипите на Баскет Кам и Вардар се пред промоција во финалисти.

Двете најдобро рангирани екипи во регуларниот дел од првенството имаат предност од 1:0 во победи против своите противници во серијата, подобар до два триумфи.

Актуелниот шампион Баскет Кам важи за апсолутен фаворит во дуелот против Крива Паланка. Тоа кошаркарките од Македонска Каменица го потврдија и на првата средба која добија лесно и убедливо.

Вардарки пак ја искористија предноста на домашниот терен стигнаа во првиот триумф против кумановската екипа. Ќе можат ли црвено-црните и до втора победа останува да видиме.

Двата денешни натпревари ќе се играат во терминот од 17 часот.