Минато сезонскиот шампион на Италија, Наполи освои само еден бод на гостувањето во Удине. Во натпреарот од 35.коло на Серија А, Удинезе и Наполи одиграа без победник 1:1.

По едно не интересно прво полувреме, второто донесе повеќе возбудувања и два гола.

По одличниот центаршут на Матео Политано, Виктор Осимен, со глава ја затресе мрежата, за водство на Наполи од 0:1.

Удинезе се обидуваше да се врати во мечот, а тоа на домаќините им успеа во судиското дополнение. Откао Осимен пропушти можност да ја запечати победата за гостите стигна казната. Се играше втората минута надополнување кога Исак Саксес го искористи додавањето на Кристенсен за конечни 1:1.

Наполи остана на осмото место кое води во Конференциската лига, но има само бод повеќе од Фиорентина која има одиграно и натпревар помалку.

Удинезе е 18-ти и е се поблиску до Серија Б.