Екипата на Милан ја потврди фаворитската улога против Емполи и славеше победа.

На дуелот од 19.коло во Серија А, Милан како гостин го победи Емполи со 3-0.

Уште во првото полувреме црвено-црните имаа два гола предност. Англичанецот, Рубен Лофтус Чик во 11-тата и Французинот, Оливие Жиру со 31-та минута беа стрелци на головите.

Победата ја потврди Траоре со голот во 88-та минута.

Со оваа победа Милан се зацврсти на третото место на табелата со 39 бодови, шест повеќе од Фиорентина.

Интер е прв со 48 бодови, а Јувентус кок има 43 попладнево гостува кај Салернитана.

Standings provided by Sofascore