Гледајќи го пласманот на екипите во кошаркарската Евролига, дуелот меѓу Црвена Звезда и Партизан е далеку од дерби на колото. Но, секогаш натпреварите меѓу овие ривали се приказна за себе и посебно дерби.

Така беше и на вечерашниот натпревар во белградска „Арена“ во која црвено-белите ја имаа улогата на домаќини. Црвена Звезда славеше победа над лутиот ривал Партизан со 88-72.

Уште во првата четвртина црвено-белите го најавија тоа. Го добија периодот со 24-13, а вториот го завршија со +21 (50-29).

Вториот дел беше само чиста формалност. Партизан постојано ја бркаше негативата, но се што стори беше да намали на -9. На крајот Црвена Звезда и популарните “Делије“ заслужено се радуваа на триумф.

За Црвена Звезда ова беше само осма победа сезонава, додека Партизан ja прекина мини серијата од две победи и го претрпе единаесеттиот пораз.

Standings provided by Sofascore