Ривалството на Барселона и Реал Мадрид секогаш привлекувало големо внимание. Така беше и вечерва во „Блау Грана“ во Барселона каде домаќините се радуваа на триумф.

Барса го совлада Реал со 83-78 во дербито од 18.коло на кошаркарската Евролига.

Гостите од Мадрид подобро го започнаа натпреварот имаа и 7 поени предност, но на првата пауза заминаа со +4 (25-21). Во вториот период Реал водеше меѓу 6 и 8 поени, но Барса, успеа да се врати во игра и на полувреме за замина со -2 (45-47).

Во третиот период се играше израмнето, па Реал во последната четвртина влезе со 62-60.

Во последната четвртина на гостите од Мадрид им беа потребни речиси 5 минути да ги постигнат првите поени. Тоа Барса го искористи и поведе со +12 (74-62).

И покрај поразот (само втор сезонава) Реал остана лидер на табелата пред Виртуз Болоња и Барселона.

Standings provided by Sofascore