Екипата на Задар направи големо изненадување совладувајќи го Партизан во дуел од АБА лигата. На натпреварот од 13.коло одигран пред своите симпатизери Задар го победи Партизан со 84-68.

Од самиот почеток домаќините ја контролираа играта и резултатот. На полувремето заминаа со 13 поени предност (47-34).

На стартот на вториот дел Задар во неколку наврати имаше и +15. Најголемата предност задрани ја стекнаа во последниот период кога водеа со 21 поен разлика.

Ваков дебакл Партизан одамна нема доживеано во регионалната лига.

македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ симболично ги одигра завршните 55 секунди.

За Задар ова е седма победа со која се проби на шестото место на табелата. Партизан пак го претрпе четвртиот пораз и остана трето рангиран зад Црвена Звезда и Цедевита Олимпија.

Standings provided by Sofascore