Екипата на Академија ФМП го доби дуелот на последно пласираните екипи на табелата во Првата лига.

На натпреварот одигран вечерва во Скопје, ФМП славеше со 96-88 против Охрид.

Гостите одлично го почнаа натпревари и брзо остварија двоцифрена предност (11-21(. Но, тука подзастанаа па му дозволија на ФМП да се врати во игра (25-25). Во следните две четвртини домаќините беа оние кои играа подобро, во неколку наврати имаа и по 13 поени предност. Сепак во последниот период се влезе со резултат 72-70 за ФМП Академија.

Домашните кошаркари отворија со 10-2 и повторно се одлепија на двоцифрена разлика која не траеше долго. Сепак охриѓани немаа решение како до комплетен пресврт па Академија ФМП заслужено славеше победа.

Најефикасен во победничката екипа беше Брукс со 26 поени и 8 скокови, додека Омотао Џордан Огундиран имаше трипл-дабл со 18 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

За ФМП ова беше само трета победа сезонава во која има и 10 порази, а со 16 бодови се израмни со Кожув и Гостивар.

Охрид го претрпе 11-тиот неуспех и е на последното место на табелата.