Во англиската премиер лига попладнево беше одигран само еден натпревар од 18-тото коло. Екипите на Вулверхемптон и Челзи одиграа интересен меч кој заврши со резултат 2-1 за домаќините.

Рахим Стерлинг во 32-та минута имаше идеална шанса за гол. Изби само пред домашниот голман Џозе Са, но Португалецот ја прочита неговата намера и ја сочува мрежата.

На спротивната страна речиси идентична шанса пропушти Хванг, со тоа што Кореецот биеше над гoлот.

По само шест минути игра во второто полувреме Марио Лемина им донесе водството на домаќините од 1-0.

Стерлинг имаше голема шанса за израмнување во 63-минута но неговиот удар на самата гол линија успеа да го сопре Португалецот, Тоти.

И во продолжението сините од Лондон имаа неколку можности за гол, но не ги искористија. Следуваше непишаното правило, па казната на спротивната страна дојде во судиското дополнение (90+2) кога Доерти зголеми на 2-0. Четири минути подоцна Кристофер Нукуку постигн а гол за Челзи, но беше предноцна да се избегне поразот.

Со трите освоени бодови и вкупно 22, Вулферхемптон се израмни со Челзи, па сега Вулфси се веднаш зад сините на 11-тото место на табелата

Во Премиер лигата нема многу пауза, веќе по Божиќ, односно вторник, среда и четврток ќе се играат натпреварите од 19-тото коло.

Standings provided by Sofascore