Ракометарите на Вардар ја остварија четвртата победа во исто толку одиграни натпревари во Супер лигата. Вардар победа на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш со 27:35.
Натпреварот започна со израмнета игра на двете страни и чести промени на водството. Домаќините пружија силен отпор во првите десетина минути кога резултатот гласеше 6:6. Потоа скопскиот тим ја презеде контролата и направи серија за создавање опиплива предност. Најголемата позитива од шест гола Вардар ја достигна во 27.минута при резултат 12:18. До крајот на првиот дел домаќините намалија на четири негатива 14:18.
Кавадарчани се вратија во второто полувреме и намалија на само еден гол разлика 20:21. Сепак, вардарци со серија 1:6 повторно се одлепија на шест гола разлика 21:27. Тука веќе беше јасно дека Тиквеш нема шанси за изненадување, па Вардар впиша нова победа.
Матео Фадули со седум погодоци беше најефикасен играч во победничкиот состав, додека Леон Љевар исто така одигра одлично и шест пати ја затресе противничката мрежа. Кај Тиквеш се истакна Тоше Ончев кој го заврши дуелот со шест голови.
Вардар гега пак се израмни со Алкалоид, на првите две позиции на табелата, а скопските екипи имаат по максимални 6 бода. По нив со бод помалку следуваа Охрид и Еурофарм Пелистер, а петти со 5 бода колку има и Прилеп.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|


































