Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди е пред трансфер во германската Бундес лига.

Како што пишуваат медиумите во Турција, Барди би можел уште во зимскиот преоден рок да стане член на Униот Берлин.

Имено новиот тренер на Унион Берлин, Хрватот, Ненад Бјелица е иницијатор на овој трансфер. Хрватот и Барди имаа одлична соработка во Трабзонспор, а Барди ја ужива неговата доверба.

Македонскиот капитен има мала минутажа во Трабзонспор, па турските медиум пишуваат дека трансферот би се реализирал уште на почетокот на јануари.