Фудбалерите на Атлетик Билбао го совладаа Атлетико Мадрид со 2:0 во дербито од 17.коло од шпанската Примера.

Баскискиот клуб полесно од очекуваното го совлада тимот на Диего Симеоне, а триумфот можеше да биде и поубедлив.

Атлетико Билбао пропушти одлична можност да поведе во 36.минута кога Оихан Санкет промаши пенал, но тоа не ги обесхрабри домашните.

Напротив, “Баскијците во 51-та минута го постигнаа првиот гол. Херера одлично асистираше до Горка Гурузета за водство од 1-0.

Атлетико се обидуваше да стигне до израмнување. Таквата игра му отвори голем простор на Билбао да го зголеми водството. Тоа се случи во 64.минута со голот на Нико Вилијамс. 

Со новите бодови и вкупно 32, Атлетик е на петтата позиција на табелата зад Барселона и Атлетико Мадрид кои имаат по 34 бода.

Андреј Велјаноски