Екипата на ММК Куманово предводена од екс селекторот Марин Докузовски и по деветтиот натпревар во Втората лига останува не поразени.

Кумановци вечерва во Штип го добија дербито против Соколи со 75-62 и останаа единствениот тим со максимален учинок. 

Конечниот резултат не е реална слика на текот на натпреварот.

Интересна првото полувреме одиграат двата тима, во кое имаа свои добри периоди на игра. Но, ниту една од екипите не успее да направи повеќе од четири поени предност.

Првиот период го добија домаќините со 19-18, а во вториот беа подобри гостите со 20-16. Куманово на полувреме заминаа со три поени предност 38-35.

Во второто полувреме. Предводени од искусниот Марјан Јаневски, гостите за прв пат во 37.минута стигаа до двоцифрена предност 55-45. На стартот на последниот период, штипјани намалија на 4 разлика во неколку наврарти. Сепак немаа решение како да го сопрат Јаневски па во финишот МКК Куманово забележа и убедлива победа со 13 разлика. 

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 9.КОЛО
денеска
СОКОЛИ – МКК КУМАНОВО 62-75
одиграно вчера
МАЏАРИ – БОРЕЦ БАСКЕТ 82-64
МЕГА БАСКЕТ – ВОДНО САНС 97-88
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – РАБОТНИЧКИ 2018 97-71
ШКУПИ – ТЕТЕКС ТТК 90-72
КУМАНОВО 2009 – АНГЕЛИ не одиграна (0-20)

ТАБЕЛА: МКК Куманово 18, Маџари 17, Шкупи 16, Ангели 15, МЗТ Скопје У.Б. 15, Борец баскет 14, Соколи 13, Мега Баскет 12, Водно Санс 12, Работнички 2018 11, Тетекс 10, Куманово 2009 8.