Македонскиот одбојкарски шампион Струмица го заврши својот настап на европската сцена.

Струмичани и по втор пат се поразено од германскиот тим Турен во меч од 1/16-финалето на ЦЕВ Купот.

Како на првиот, така и на вечерашниот реванш дуел, Дурен славеше во три сета (3:0).

Откако првите два сета домаќините ги добија лесно и убедливо со 25-18 и 25-19, струмичани се „разиграа“ во последниот. Беа рамноправни се до самиот финиш односно 23-23. Но, немаа сили да го добија, па и тоај сет отиде во полза на Дурен со 25-23.

Така Струмица со пет порази (претходно три во квалификациите за Лигата на шампионите) без ниту еден освоен сет ја заврши европската авантура.