Македонскиот првак Еурофарм Пелистер вечерва ќе го одигра деветтиот натпревар во Лигата на шампоните. Пелистерци му гостуваат на Киелце во Полска.

Тимот кој лани играше во финалето на елитното натпреварување секако важи за апсолутен фаворит и на вечерашната средба. Впрочем Киелце е при самиот врв на табелата во „А“ групата, со два бода помалку од лидерот Алборг и еден помалку од Кил.

Од другата страна Пелистер и по осум одиграни натпревари сеуште нема освоено ниту еден бод.

Шансите да го стори тоа вечерва се минимални, но прикажаното во второто полувреме на дуелот во Битола со истиот противник е надежта дека пелситерци може да се носат.

„Предводени се од еден од најдобрите тренери во светот. Посебна мотивација за Киелце не треба да имаме, бидејќи во Лигата на шампионите за нас секој натпревар мотивира.

За нас секој противник е еднаков на европски шампион. Самиот факт дека парираме во одреден дел од натпреварот за нас е успех.

Секој натпревар е нова приказна, ќе видиме како ќе отвориме и потоа како ќе играме“,

вели тренерот Бранислав Ангеловски.

Првата меѓусебна пресметка полскиот тим ја доби до 24-21.

Како ќе биде вечерва останува да видиме по натпреварот чиј почеток е закажан за 20.45 часот.