Македонскиот одбојкарски шампион Струмица вечерва го Германија ќе го одигра реванш натпреварот од 1/16-финалето во ЦЕВ Купот.

Струмичани му гостуваат на силниот тим на Дурен.

Првиот меч одигран пред седум дена во Струмица гостите од Германија го добија убедливо со 3:0 во сетови.

Повеќе од јасно е дека шансите за прогрес во следната фаза се сведуваат само на теорија. Тоа дополнително и поради отсуството на туниските интернационалци Хамди Бен Талиб и Саад Ом Хени кои не добија виза за патување во Германија, па Струмица вечерва ќе настапи ослабена.

Првенствено задачата на македонскиот шампион е да се одигра достоинствено и да се обиде барем малку да го подобро впечаток од првиот меч.

Вечерашниот мечот меѓу Дурен и Струмица ќе започне во терминот од 19 часот.