Екипата на Барселона си го обезбеди првото место во „Х“ групата, а со тоа и пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.

На олимпискиот стадионот „Монжуик“, Барса со пресврт го совлада Порто со 2-1.

Португалскиот тим прв поведе и тоа со голот на Пепе во 30-тата минута. Но, не траеше долго нивата радост. Само две минути подоцна Кансело го израмни резултатот. 

Во вториот дел Барса ја презеде иницијативата. Тоа беше крунисано со голот на Жоао Феликс во 57-минута. 

Со освоените бодови и три повеќе од конкурентите, шпанскиот првак го осигура првото место во групата.

Во последното коло Барса му гостува на отпишаниот Антверпен кој попладнево загуби од Шахтјор. Украинскиот тим ќе му гостува на Порто во дуелот на екипите со ист број на бодови.