Првата половина од натпреварите од претпоследното 5.коло во групната фаза на Лигата на шампионите донесе големи возбудувања.

Стрелците беа расположени за голови, на осумте натпревари беа постигнати вкупно 23 голови.

Најмногу, пет, на дуелот меѓу Манчестер Сити и Лајпциг дуел на екипите од Г групата кои и пред ова коло веќе имаа обезбедено осминафинале.

Ним им се приклучија: Лацио и Атлетико Мадрид (Е група), Борусија Дортмунд (Ф група) и Барселона (Х група).

Во последното коло закажано за 13 декември, ќе има две директни пресметки за втората позиција. Порто ќе решава со Шахтјор, а Њукасл и Милан покрај својот меч ќе мора да навиваат и за Борусија Дортмунд да го победи ПСЖ.

Во продолжение сите голови од натпреварите 5.коло во Лигата на шампионите на едно место.