Екипите на Беса и Скопје славеа победи над Тетекс и Осогово во натпреварите од 13.коло на Втората фудбалска лига. 

Дуелите што требаше да се играат во саботата, а поради снегот беа одложени, се одиграа попладнево. 

Во Кичево, лидерот на табелата екипата на Беса убедливо со 4-0 го победи Тетекс. Стрелци на головите беа Фитон Адеми, Арменд Алими, Изаир Емини од пенал и Зани Назифи.

Во Автокоманда, голот на Стојан Поповски во 79.минута му донесе победа на Скопје во дуелот со Осогово. Со новите бодови скопјани сега направија предност во однос на ривалите, а во борбата за опстанат.