Професорот по кошарка Борче Даскаловски седнува на клупата на КК Кожув информираа од гевгелиската екипа.

Откако по поразот од Академија ФМП, македонскиот селектор Александар Јончевски си поднесе оставка, тренерското столче во Кожув остана празно. Затоа во саботата тимот од Гевгхелија во дуелот со Работнички го водеше Апостоли Апостолов.

Апостолов ќе остане во клубот но, сега како асистент на новиот тренер Борче Даскаловски.

Даскаловски по речиси две годишна пауза се враќа на прволигашките терени. Тој последен пат го предводеше вториот тим на МЗТ Скопје У.Б. во Првата лига.

Претходно Даскаловски беше и тренер на Карпош Соколи (2017 година), а му беше и асистент на на Емил Рајковиќ во казахстанското првенство во тимот на Астана (2019/2020).

Даскаловски ќе има тешка во борбата за опстанок. Имено Кожув по девет одиграни натпревари само со две победи е на 10.место на табелата.

Професорот дебито на клупата на Кожув ќе го има пред домашната гевгелиска публика претстојниот викенд во натпреварот  против Гостивар.