Со два натпревари што ќе се играат попладнево стартува 8 коло во Првата лига., кое ќе трае се до среда. Денешните дуели во Гостивар и Кратово ќе почнат во ист терми 16 часот.

Натпреварот во Кратово ќе го има префиксот дерби. Во него ќе се „судрат“ фудбалерите на Силекс и Тиквеш, екипи кои се со големи амбиции.

Ова особено важи за домаќините, кратовци, но плановите не одат според посакуваното. Силекс нема победа нха последните четири натпревари. Трите дербија со Вардар, Шкендија (Т) и Струга Т.Л. кратовци ги загубија. Избраниците на Васоски се спасуваа од пораз и во последниот дуел со штипска Брегалница со која одиграа 2-2.

Нивниот противник Тиквеш кој е четврти на табелата, има четири бода повеќе. Кавадарчани кои го имаат најдобриот напад меѓу прволигашите, веќе покажаа дека знаат да играат против фаворитите на резултат.

Бодовите за двата тима се приоритет, доколку сакаат да го одржат чекорот со водечките екипи на табелата, особено лидерот Шкендија.

Тетовци пак денеска ќе важат за апсолутни фаворит во дуелот со претпоследно рангираниот тим на Башкими. Но, избраниците на Артим Положани против ќе треба да докажат дека не се во криза. Тие на последните два натпревари останаа пократки за пет пода, откако загубија од Тиквеш и одиграа „реми“ против Аресими.

Останатите натпревари (по еден) ќе се играат утре (сабота), понеделник и среда.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање