Претстојното лето Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), ќе биде домаќин на две младински Европски првенства.

Бордот на ФИБА Европа реши да и ја довери организазациската улога на КФМ на шампионатите за јуниори и кадети.

Така од 26 јули до 4 август, Македонија ќе биде домаќин на ЕП од Дивизијата „Б“ за кошаркари до 18 години.

Првенството за играчи до 16 години, исто така Дивизијата „Б“, ќе се одигра во периодот од 8 до 17 август.

Натпреварите на двата шампионати ќе се играат во Скопје.

Репрезентацијата до 20“ години ќе игра во „А“ дивизијата во полскиот град Гдиња од 13 до 21 јули 2024.