Репрезентацијата на Македонија до 21 година го претрпе и третиот пораз во квалификации за ЕП 2025 година во Словачка.

Македонските младинци денеска го одиграа четвртиот натпревар од „Ц“ групата. На теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, Македонија е поразена од Грузија со 0-1

Иако се остреа за победа, избраниците на Канатларовски беа надиграни од противниците кои во најголемиот дел од натпревар ја контролираа играта.

Стрелец на победничките гол за гостите беше Маматсашвили во 71-та минута.

Најголемата шанса за израмнување македонската селекција ја имаше во 83-тата минута. По корнерот од левата страна во мешаницата во шестнаесетникот на Грузија, Илиевски биеше но, еден од гостинските фудбалери во последен миг ја исфрли од гол линијата.

По третиот пораз во низа, и со само 3 бодови, Македонија останува на претпоследното 5.место на табелата. Овој пораз ги оддалечи македонските надежи од трката за второто место на табелата. Таму сега е Грузија со 1о бодови, два помалку од лидерот Холандија. 

Следниот петти натпревар македонските младинци ќе го играат на домашен терен против последно пласираниот Гибралтар и тоа во март месец следната година.