Македонскиот вицепрвак Алкалоид во утре ќе го игра третиот натпревар во ЕФХ Европската лига.
Алкалоид кој сезонава дебитира на европската сцена повторно ќе биде домаќин.
Во Скопје во рамките од третото коло на „Ф“ групата, ќе гостува данскиот тим Бјерингбро Силкеборг.
За мечот што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ од 18.45 часот, денеска (11 часот) е закажана прес-конференција на која покрај тренерот Кирил Лазаров ќе биде и Иван Џонов.
Тие ќе ги пренесат своите очекувања за претстојниот натпревар.