Македонскиот ракометен вице-порвак Вардар, вечерва ќе има нов настап во ЕХФ Европската лига.
Во дуел од 2.коло, а од втората фаза по групи, Вардар пред своите навивачи го пречекува германскиот тим Мелсунген.
Убедливиот пораз од Бенфика пред една седмица (38-34), вардарци го оставија зад себе. Победата над Алкалоид во Супер лигата, ја врати победничката атмосфера во редовите на црвено-црните. Сега избраниците на Иван Чупиќ размислуваат само за победа и освојување на важни два бода.
И минатата сезона овие две екипи одиграа меѓусебни натпревари во Европсата лига. Тогаш во првата групна фаза, домашниот терен се покажа како предност.
На првиот натпревар во Германија, Мелсунген славеше со убедливи 34-18, додека во Скопје во последното коло Вардар победи со 32-30.
Дали и сега вардарци ќе ја искористат предноста и поддршката од своите навивачи во „Јане Сандански“, останува да се види.
Во пресрет на денешниот натпревар Мелсунген е лидер на табелата во „Ф“ групата со 6 бодови, а има четири повеќе од останатите екипи, Вардар, Бенфика и Кристијанштад.
Вечерашниот дуел меѓу Вардар и Мелсунген што ќе почне од 20.45 часот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇👇





































